Абазовиќ за конфликтот во Украина: „Ако сите прават тоа што ние правиме, војната ќе заврши за две недели“

abazovic.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Црна Гора издвојува 14 отсто од воениот буџет за помош на Украина, изјави премиерот на црногорската влада во технички мандат, Дритан Абазовиќ и додаде дека доколку секоја европска земја го направи истото како Црна Гора, војната ќе заврши за двe до три недели.



Абазовиќ ова го рече на Форумот за безбедност во Варшава, каде во главниот град на Полска учествува како говорник на панелот: „Глобални предизвици, глобални коалиции? Како може колективниот Запад да изгради партнерства во надворешната политика“.

Абазовиќ рече дека утре истото може да се случи и со Западен Балкан.

„Народот на Украина не се брани, туку го брани своето право, кое сите го имаме, да го избереме својот пат. Мислам дека ЕУ мора да го оживее процесот на проширување доколку сака да остане привлечна за новите членки во контекст на глобална коалиција, бидејќи треба да размислуваме за трети страни, а ако сакаме да се чувствуваме побезбедни во контекст на Русија, Кина утре или некоја трета земја, мислам дека ЕУ треба да донесе одлука за заживување на процесот на проширување. Велика Британија замина od ЕУ, но сега е време за поголеми коалиции“, рече Абазовиќ.

На светот, рече тој, му треба повисоко ниво на соработка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK