Маж нападнат во кафуле во Битола: напаѓачот го удрил со тупаници, па посегнал и со стол по него

Маж-нападнат-во-кафуле-во-Битола-напаѓачот-го-удрил-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за насилство.



На 30 септември, во кафе бар на улицата Генерал Васко Карангелевски во Битола, осомничениот извршил грубо насилство и ја загрозил сигурноста на едно лице. Додека оштетениот седел на маса во угостителскиот објект, осомничениот му се приближил и без повод и причина почнал да го удира со тупаници по главата, нанесувајќи му телесни повреди.

Потоа подигнал стол и се обидел да го фрли кон оштетениот, но бил спречен. Со насилството предизвикал вознемиреност и кај останатите присутни гости во објектот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Битола достави предлог за определување мерка притвор спрема осомничениот.

Судијата го прифати предлогот и донесе решение со кое определи притвор во траење од осум дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK