Ден на жалост во Венеција по автобуската несреќа, меѓу загинатите има и две деца

Ден-на-жалост-во-Венеција-по-автобуската-несреќа-меѓу-загинатите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Венеција ја прогласи среда за ден на жалост по синоќешната несреќа на туристички автобус во која најмалку 21 лице, меѓу кои две деца, загинаа кога тој слета на автопат.


Меѓу загинатите има Украинци, Французи и Германци. Знамињата на официјалните згради во регионот Венето беа спуштени на половина копје на барање на нејзиниот претседател Лука Заија.

Се уште не е позната причината за несреќата
Во автобусот се превезувале четириесетина италијански и странски туристи кои штотуку ја посетиле Венеција и се враќале во својот туристички камп нешто пред 20 часот.

Од сè уште неутврдена причина, возилото кое се движело по мостот, удрило во заштитната ограда и излетало во празнината, удирајќи во близина на железничката линија меѓу Местре и Маргера, два града кои припаѓаат на Венеција.

– Автобусот се преврте. Ударот беше страшен, изјави шефот на венецијанската противпожарна заштита Мауро Луонго за новинарите на местото на настанот.

Бројот на загинати не се промени во текот на ноќта: 21 лице загина, а најмалку 15 се повредени, објави регионалниот претседател на Фејсбук.

Меѓу загинатите жртви има едногодишно дете и тинејџер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK