Приведено и второто осомничено лице за предизвикување пожар во Старата скопска чаршија, определен притвор

Приведено-и-второто-осомничено-лице-за-предизвикување-пожар-во-Старата.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По преземени мерки и активности, вчера во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 18-годишниот Б.А. од село Студеничани, скопско, кој беше баран по централен распис, извести МВР.



„Тој се сомничи дека на 28.08.2023 околу 04.00 часот на ул.„Градиште“ во Стара чаршија во Скопје со малолетник од с.Моране, скопско, предизвикале пожар во угостителски објект. Малолетникот, претходно беше лишен од слобода, а во домовите на двајцата беа извршени претреси, при што во домот на малолетникот беа пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело“, соопшти МВР.

Од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје против двајцата беше поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општа сигурност” во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност”. Б.А. е изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во времетраење од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK