Историска одлука: Во Ватикан жените за првпат гласаат на состанокот на Архиерејскиот синод

Историска-одлука-Во-Ватикан-жените-за-првпат-гласаат-на-состанокот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На жените ќе им биде дозволено да гласаат за првпат на седницата на бискупскиот синод на Римокатоличката црква, што почнува во Рим.


Во април, папата Франциско ги одобри измените на нормите кои го регулираат Архиерејскиот Синод, отворајќи го патот за жените да имаат 54 од вкупно 365 гласа.

„Ова е извонреден чекор напред за жените. Не само поради настаните од овој октомври во Рим, туку и поради тоа што црквата најде поинаков начин да биде црква“, изјави директорката на Светската женска опсерваторија, Марија Лиа Зервино.

На тринеделниот синод, кој ќе се одржи зад затворени врати, ќе учествуваат стотици делегати кои ќе се осврнат на некои од најгорливите прашања со кои се соочува црквата – од улогата на жената до свештеничкиот целибат и благословот на геј паровите.

Сесијата ќе заврши со гласање за конкретни предлози кои потоа ќе му бидат претставени на Папата на разгледување.

Наместо да се фокусира на една тема, како што е вообичаено, агендата за овој синод ќе се однесува на широкото прашање како Римокатоличката црква може да биде поинклузивна.

Иако жените се од витално значење за голем дел од црковната работа, од настава во католичките училишта до персонал во католичките болници, црквата сè уште им забранува да станат свештеници или да достигнат највисоки чинови.

Папата Франциско презеде нови чекори за справување со оваа нерамнотежа, назначувајќи неколку жени на високи позиции во Ватикан.

Сепак, одлуката да им се дозволи на жените да гласаат во синодот предизвика негодување од конзервативните струи на Римокатоличката црква.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK