Утрово околу 8 часот во каналот покрај насипот меѓу Футог и Бегеч во Србија, маж (68) бил пронајден со изгореници по целото тело. На местото на настанот пристигнале итна помош, пожарникари и полиција.
Според неофицијални информации, човекот најверојатно сам го предизвикал пожарот, па се претпоставува дека оваа несреќа се случила кога невнимателно била запалена сува трева.
Според д-р Зоран Круљ, портпарол на Итната помош во Нови Сад, нивната екипа интервенирала на лице место и пронашла маж со повеќе изгореници по целото тело.
По укажаната помош бил пренесен на одделението за интензивна нега на УЗ КЦВ за понатамошно лекување и дијагностика.