Концертната фолк – велнес атракција „Бркови“ во МКЦ

Концертната-фолк-–-велнес-атракција-„Бркови-во-МКЦ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во петок, 6 октомври во Младинскиот културен центар за прв пат ќе настапи хрватската панк – фолк велнес атракција „Бркови“ со свој целовечерен самостоен концерт.


На овој концерт, кој “BRKOVI” го исчекуваа повеќе од десет години, ќе биде промовиран нивниот нов албум „Крвава новчаница“, од кој ќе бидат изизведени неколку нови песни, а остатокот од репертоарот ќе го сочинат најзначајните песни од сите периоди на нивното постоење.

Шамсо 69 и екипата до сега имаат објавено 8 студиски албуми. Нивните видео спотови имаат неколку милионски прегледи. Во претходните неколку години, “BRKOVI” прераснаа во едни од најактивните бендови со концерти ширум републиките, а бележат и настапи во Европа, Велика Британија и Канада.

Интересен е и фактот што на “BRKOVI” минатата година им се придружува и Игор Паспаљ, кој од престижниот магазин “Guitar World” е прогласен за светски гитарист на годината во 2020 година.
Билети за концертот може да се набават на билетарницата на МКЦ или на онлајн линкот за продажба на билети по цена од 600 денари, додека на денот на концертот билетот ќе изнесува 750 денари.

Од Младинскиот културен центар, најавуваат жештока концертна сезона.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK