Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека не се согласува со предлог-законот за амнестија и дека цврсто стои на ставот дека со тој законски текст не се постигнуваат ефекти.
Спасовски со став дека треба да се размислува стратешки, во правец, како што рече на создавање на услови, за да може тие што се за издржување на казни, да ги издржуваат, а не преку амнестии да се ослободува простор во казнено-поправните установи.
Прашан за тоа какво е расположението во неговата партија во однос на предлог-законот, истакна дека политичките ставови ќе ги артикулираат пратениците во Собранието.
Тој со изјава и околу коментарите за тоа дали постои кавга во владејачката партија околу предлогот за кандидат за претседател.
Според него нема никаков конфликт, бидејќи вели дека тоа прашање се уште не се разговарало во партијата.
„Кога ќе дојде време, ќе разговараме и низ дијалог ќе се утврди тоа што е најдобро. За нас важен е европскиот фронт и опцијата која што нуди извесност на државата и граѓаните“, посочи Спасовски.