Главната разузнавачка управа на Украина тврди дека во нападот на украинските беспилотни летала на Смоленск биле оштетени објектите каде Русија ги произведува ракетите Х-59 и затоа е нарушено производството.
Главната управа за разузнавање на Украина потврди дека на 1 октомври беспилотни летала ја нападнале фабриката за авиони во Смоленск и дека три од четирите беспилотни летала ја погодиле целта, пренесува Униан.
Според податоците на Главната управа за разузнавање на Украина, производствените капацитети на фабриката за авиони во Смоленск претрпеле значителна штета во нападот.
Министерството за одбрана на Русија вчера соопшти дека руските сили за воздушна одбрана собориле три украински беспилотни летала над регионот Смоленск.
Регионот Смоленск се наоѓа во западниот дел на Русија.