Возењето со овој воз чини и до 67.000 евра

Возењето-со-овој-воз-чини-и-до-67000-евра.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Возењето со „Ориент експрес“ не е работа од минатото или од роман на Агата Кристи.


И денес можете да патувате во „Ориент експрес“ низ Европа, а сега овој луксузен хотел на тркала се вика „Венеција Симплон Ориент Експрес“ и е во сопственост на Белмонд. Како и во минатото,  нуди рути низ Европа, а неговите патници, односно гостите, уживаат во годишен одмор во воз.

Цените се фиксни и зависат од рутата. Возот патува низ цела Европа,  на пример, за патување од Париз до Венеција, цената за обична кабина е најмалку 4.300 евра. Најскапиот билет на денешниот „Ориент експрес чини“ 67.000 евра, колку што плаќаат патниците кои патуваат од Истанбул до Париз во најскапата кабина на возот.

Цените ги вклучуваат сите оброци, кои вообичаено се состојат од вечера со четири јадења, континентален доручек и доцен оброк или ручек од три јадења, услуга на стјуардот и прием со шампањ при пристигнувањето.

Луксузниот хотел на тркала, кој ја инспирираше Агата Кристи да го напише својот познат крими-роман „Убиство на Ориент Експрес“, го поврзува Париз со Истанбул од крајот на 19 век.

Со текот на годините, рутите се менуваа, а една од најпопуларните беше од Париз до Истанбул и онаа што ги поврзува Лондон и Венеција. „Ориент експрес“ неодамна соопшти дека повеќе нема да патува до и од Лондон.

„Ориент експрес“ беше и остана познат по својот луксуз и елеганција. Внатрешноста на возот ја дизајнирале врвни дизајнери, а просторот е направен од скапи материјали, како ореово дрво, кристал и злато. Патниците можат да уживаат во храна и напитоци со врвен квалитет и разни услуги, како што се кројачи и фризери.

Првото возење е реализирано во 1883 година, а на него патувале бројни познати личности како Винстон Черчил, Агата Кристи и Ернест Хемингвеј. Поминал низ бројни европски земји – патувањата се разликувале по рута, времетраење и луксуз.

„Ориент експрес“ несомнено е еден од најпознатите возови во историјата. Луксузната железничка линија останува симбол на удобно патување, елеганција и гламур.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK