Георгиевски: Општина Илинден започнува самостојно изградба и доградба на градинката „Гоце Делчев“ во населеното место Марино

Георгиевски-Општина-Илинден-започнува-самостојно-изградба-и-доградба-на-градинката.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Илинден започнува самостојно изградба и доградба на градинката „Гоце Делчев“ во населеното место Марино, истакна Александар Георгиевски, градоначалникот на општина Илинден.


„Со оваа доградба го решаваме проблемот на веќе листите кои што ни се за престој на најмалите деца, на возраст од 9 до 24 месеци. Конкретно јаслените групи. Со оваа доградба со капацитетите што ќе се создадат, а тоа се над 300 квадратни метри, неколку занимални, и каде што ќе можат да се примат 40-50 мали дечиња, го решаваме трајно проблемот со јаслените групи. И во Илинден веќе ќе немаме на листа на чекање ниедно дете“, рече тој.

Инвестицијата како што информираше е на Општина Илинден без поддршка на централните институции.

„Инаку, моментално започнавме деновиве со еден капитален проект за изградба на фекална канализација во делот на населено место Илинден, место викано Плац и Ограѓе од вкупна должина од 4.200 метри со препунктни уреди која што ќе го реши трајно проблемот со фекална канализација на тој дел од Илинден каде што живеат над 1.300 граѓани. Еден од најтешките делови, каде што има бушење под автопат, и железнички пруги итн. Општина Илинден комплетно со свои средства ќе го реши овој горчлив проблем на граѓаните на населеното место Илинден.

Моментално паралелно на ова работиме на реконструкција на локалниот пат Илинден – Хиподром во должина од над 800 метри, заедно со Скопскиот плански регион. Главен пат кој што не поврзува со општината Гази Баба и со градот Скопје , и овој пат е од многу големо значење за сите жители на општина Илинден. На, овој начин го решаваме и овој проблем од наша страна, се надеваме дека во брзо време Градот Скопје ќе се охрабри да даде дозвола на Општина Гази Баба да го доврши и останатиот дел од страната на Гази Баба“, истакна тој.

Се работи како што рече на комплетна реконструкција на кровната конструкција „Ристо Крле“ школото, над 1.600 квадрати.

„Старо училиште каде што имаше азбестен кров. Со овој проект комплетно се менува кровот, и се заштитува животната средина и нормално добиваме комплетен кров кој што ќе биде во интерес најнапред на децата, но и на целата околина.

Работиме на реконструкција на секундарни улици, помали улици, локални улици, моментално се асфалтираат деновиве 5-6. А, деновиве уште толку. Очекуваме дека до крајот на годината околу 30 улички ќе се асфалтираат во Илинден само за овие 2-3 месеци.

Се работи паралелно и на други проекти на фекална канализација, работиме на спортските терени, комплетно со вештачка трева го реконструиравме со ново лед осветлување и со заштитни огради теренот во Кадино. Моментално се работи на комплетна реконструкција на теренот на Миладиновци.

Периодов што следи ќе отпочнеме со изградба на ново комплетно мултифункционално игралиште тука во Илинден. Така да Општина Илинден работи 24/7 и се надеваме дека не само овие проекти, туку и во многу блиска иднина ќе започнеме со многу други, ќе ги довршиме постоечките. И тоа се со цел да ја направиме општина Илинден подобро место за живеење за нашите граѓани“, истакна Георгиевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK