Македонската еко апликацијата Challenger веќе една година интензивно работа на развој на својот нов продукт Challenger@Work со кој бизнисите по пат на гемификација ќе можат да се грижат за животната средина и за благосостојбата на своите вработени.
Како најава за новиот продукт Challenger започнаа нова креативна иницијатива кај своите бизнис партнери со уникатната „Challenger Eco Boх“.
„Challenger Eco Box“ е наменета за компании што сакаат да реализираат несекојдневна тимска активност во духот на зелената агенда и одржливоста.
Кутиите содржат различни еко предизвици коишто вработените во компаниите поделени во тимови ќе треба да ги остварат во зададен временски период. По секој успешно реализиран предизвик вработените гребат наградни грепки за да добијат супер еко подароци. Крајната цел на „Challenger Eco Box“ е да се покаже еден иновативен и забавен начин за унапредување на компаниската култура кај бизнисите, а воедно и да го зајакнат тимскиот дух на еден општествено одговорен и еколошки начин.
„Визијата на Challenger e да изгради проактивна еко заедница, а компаниите се најдобар сојузник во нејзино остварување. „Challenger Eco Box“ е мал sneak-peek во новиот продукт Challenger@Work кој ќе биде готов до крајот на годинава, а кој ќе и помогне на компаниите преку различни еко и дигитални активности да создадат т.н. зелени канцеларии а воедно ќе им обезбеди статистика и аналитика како сите спроведени активности влијаат врз компаниската култура и животната средина“ – велат од Challenger
Иницијативата „Challenger Eco Box“ е реализирана во соработка со TrixieBox што е уште еден доказ за потенцијалот на малите бизниси за создавање на иновативни услуги и решенија, што досега го немало на пазарот.
Следете ги сите нови активности и проекти на Challenger на LinkedIn и Instagram, a доколку сакате и вашата компанија да биде дел да Challenger заедницата пишете им тука.