Пивото, соковите и воадата од утре со намалена цена, најави Ковачевски

Пивото-соковите-и-воадата-од-утре-со-намалена-цена-најави.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Димитар Ковачевски најави проширување на списокот со производи со гарантирана цена.


По анализите на Владата, како што рече, било утврдено дека треба да има дополнително намалување на цените. Кај некои производи, намалувањето ќе биде од 10 до 30 проценти. На денешната листа влегуваат и безалкохолните пијалоци, газираната и негазираната вода и пивото.

„Донесовме и нова одлука за намалување на маржата кај овошјето и зеленчукот, со што дополнително ќе се намалат цените во износ од 30 проценти за овие производи. Кон мерката гарантирана цена како општествено одговорни компании самоиницијативно се приклучија производителите на безалкохолни пијалоци и вода и ова е за поздравување“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека Владата, на предлог на министерството за економија, донесе нови одлука за намалување на цените во трговијата на големол и мало, на: светло пиво и лагер пиво, газирани и негазирани пијалоци, со исклучок на енергетски пијалоци, минерална газирана и негазирана природна вода.

„Со оваа одлука највисоките цени на производите се утврдуваат на нивото на цените, со исклучок на цените на акциска продажба, кои се применувале на 19 септември 2023 година во трговијата на големо, се намалуваат за 10 проценти. Трговците на мало се должни јасно да ги обележат производите со натписот гарантирана цена.

Владата денеска донела одлука и за утврдување највисока профитна маржа како посебен услов во трговијата со свежо овошје и свеж зеленчук

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK