Руските медиуми: „Главниот командант на црноморската флота е жив и здрав, седи до Шојгу“

Руските-медиуми-„Главниот-командант-на-црноморската-флота-е-жив-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Главниот командант на руската Црноморска флота, за кој официјален Киев тврдеше дека е убиен, е жив и здрав, јавуваат руските медиуми.


Од Киев беше соопштено дека вооружените сили на Украина користеле британски ракети „Storm Shadow“ во нападите на руската Црноморска флота во Севастопол, при што, како што понатаму се тврди, командантот на таа флота, адмирал Виктор Соколов, исто така беше убиен.

Меѓутоа, адмиралот Соколов се појави на денешната средба во руското Министерство за одбрана, седејќи веднаш до началникот на Генералштабот на руската армија, Сергеј Шојгу, објави Спутник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK