Тренчевска: Исклученоста од општеството, дискриминацијата, потиснувањето на капацитетите на еден поединец негативно влијае врз целокупниот систем

Тренчевска-Исклученоста-од-општеството-дискриминацијата-потиснувањето-на-капацитетите-на-еден.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почитувањето и унапредувањето на човековите права и слободи за Владата е приоритет и претставува главниот столб на кој се потпираат донесувањето на Закони и креирањето на политики, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на денешната панел дискусијата насловена: „Економската цена за исклучување врз основа на сексуалната ориентација, родовиот идентитет и изразување и половите карактеристики на пазарот на трудот во Република Северна Македонија“, организирана од страна на Светска Банка, каде што учествуваа и претставници од Делегацијата на ЕУ во земјава, како и граѓанскиот сектор.


„Дискриминацијата на членовите на ЛГБТ+ заедницата не ги повредува само луѓето на индивидуално ниво туку има негативен ефект и на нивните семејства, заедницата и пошироко. А со тоа се предизвикува изложеност на општеството како целина на социјална и економска штета. Исклученоста од општеството, дискриминацијата, потиснувањето на капацитетите на еден поединец и обесхрабрувањето на неговата вредност и таленти негативно влијае врз целокупниот систем,“ истакна Тренчевска.

Таа повика на активно вклучување на овие лица во општеството доколку сакаме да постигнеме промени и оствариме напредок, со цел побезбедно и поинклузивно општество во кое човековите права на сите граѓани вклучително и на ЛГБТИ+ луѓето треба да бидат соодветно заштитени.

„Како ресорно министерство го донесовме Законот за спречување и заштита од дискриминација во кој за првпат како заштитени основи за дискриминација се дефинирани сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Формиравме Национално координативно тело за недискриминација и еднаквост, со цел промовирање на концептот за недискриминација и еднакви можности како и следење на состојбите на ова поле во сите сфери на општественото живеење, а го подготвуваме и Законот за родова еднаквост,“ истакна Тренчевска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK