Во близина на Дубровник се уште трае потрагата по две лица, млад маж и жена, чиј идентитет се уште не е утврден.
Како што јави ХРТ утрово, полицијата побарала од граѓаните да ги известат доколку бараните лица се нивни гости.
Вчера поради силното невреме се превртеа неколку кајаци, а потрагата беше прекината синоќа.
Како што јави хрватскиот портал „Индекс“, се уште не е познато каде исчезнале две лица во близина на Дубровник. Во тек е потрага на море, надвор од Локрум, каде што се пронајдени неколку превртени кајаци без луѓе.
Доминко Радиќ од Дубровник учествуваше во уште една акција за спас на загрозените на море.
„Видов четири-пет превртени кајаци. Наоколу лебдеа лични предмети и документи. Морето минуваше над мојот чамец, брановите се толку високи, поради ветерот што дуваше и до 80 километри на час“, рече тој.
Радиќ додаде дека спасил две лица, кои, сепак, не кажуваат ништо бидејќи се во шок.
„Ме загрижува што најдов и два спасувачки елеци како лебдат“, вели Радиќ за Дубровник Вијесник.
Полицијата интервенираше и со двата глисери.
Меѓу туристите со кајаци имало и дете кое било спасено. Радиќ спасил двајца најверојатно германски државјани, а четворица од нив биле пронајдени во пештерата на Бета. Спасени беа вкупно девет лица.