Џафери за УСБ-то од Груевски: Тоа е невистина која служи за дневна политика

Џафери-за-УСБ-то-од-Груевски-Тоа-е-невистина-која-служи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на собранието Талат Џафери се огласи по информациите за наводно УСБ кое деновиве е тема на препукувања меѓу екс претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и актуелниот потпретседател на партијата Александар Николовски.


Џафери ги демантираше тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека екс премиерот Никола Груевски му дал УСБ и плико на него и на лидерот на ДУИ, Али Ахмети со документи, во кои наводно имало содржина за измени на Кривичниот законик.

На прашањето дали екс премиерот Груевски му доставил на Џафери и на Ахмети УСБ и плико кои се однесувале на Кривичниот законик Џафери рече:

„Никаква вистина нема дека претседателот на Собранието од екс премиерот да прими било каков материјал. Тоа е невистина која само служи само за дневна политика. Собранието добива материјали од овластени предлагачи во форма која е пропишана со деловникот. Понатаму не би сакал да користам неоодветни зборови коишто ги заслужува таквата инсинуација, но оставам на совеста на тие што шпекулираат со јавноста“ изјави Џафери.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK