Околу четири милиони гласачи денеска излегуваат на избори во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија, кои доаѓаат две недели по големиот пад на ЦДУ на изборите во Саксонија-Анхалт и во период на зголемен притисок врз германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Мерц го откажа планираното патување во Њујорк за Генералното собрание на ОН, а раководството на ЦДУ вечерва ќе одржи состанок по објавувањето на првите резултати.
Особено неизвесна е ситуацијата за ЦДУ во Мекленбург-Западна Померанија. Последните анкети покажуваат тесна трка меѓу СПД и АфД, додека ЦДУ е блиску до изборниот праг од пет проценти. Доколку остане под прагот, партијата првпат би останала без пратеници во покраинскиот парламент.
Во Берлин, пак, последниот ZDF-Politbarometer покажува 22 отсто поддршка за Левица, 20 отсто за ЦДУ, 18 за АфД, 15 за Зелените и 12 отсто за СПД. Самото истражување нагласува дека овие бројки се моментална слика на расположението, а не прогноза за исходот.
Гласачките места се затвораат во 18 часот, по што се очекуваат првите проценки на резултатите.