Следната година Германија планира да ја преполови помошта што ја доделува на државите за покривање на трошоците за прием и интегрирање на бегалците.
Ваквиот потег е дел од мерките за намалување на буџетот поради енормната инфлација по долгогодишното високо трошење.
Повеќе од милион луѓе побарале засолниште во Германија од почетокот на конфликтот во Украина, а поддршката за нивната грижа доведе до тоа, 16 држави во земјата да бараат повеќе федерални средства за покривање на трошоците на бегалците, објави Ројтерс.
Берлин, како што пренесуваат медиумите во регионот, во понеделникот ги информираше земјите дека ќе издвои најмногу 1,7 милијарди евра за поддршка за трошоците на бегалците во 2024 година, додека годинава за таа цел се издвоени 3,75 милијарди евра, изјавија владини извори кои одбија да бидат именувани.