СДСМ: Антиевропска опозиција-Мицкоски и ДПМНЕ сакаат блокада на членството во ЕУ

СДСМ-Антиевропска-опозиција-Мицкоски-и-ДПМНЕ-сакаат-блокада-на-членството-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Во земјава се профилира антиевропска опозиција. Христијан Мицкоски и ДПМНЕ сакаат блокада на членството во ЕУ и работат на попречување на европскиот пат на државата. Иако немаат никаков аргумент зошто се против членство во ЕУ“, велат од СДСМ.


„Мицкоски со своите неразумни постапки сака да ја турка државата кон изолација, кон нови 11 години уназадување и стагнација.

СДСМ со сите проевропски сили нема да дозволи тоа и ќе направи се за реализација на стратешката цел за членство во ЕУ.

Членството во ЕУ води кон европски вредности и стандарди, посилна демократска стабилност и правна сигурност, повисок животен стандард, поголеми плати и пензии.

Евроинтеграцијата носи економска стабилност и раст, вклучување во единствениот европски пазар од 500 милиони луѓе, пристап до голем број бенефиции, фондови и инвестиции од ЕУ за развој на инфраструктурата, земјоделството, образованието, здравството, културата.

Токму затоа блокадите на Мицкоски и ДПМНЕ мора да бидат поразени“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK