(Видео) Најмалку 20 загинати во големата експлозија во Нагорно Карабах

Видео-Најмалку-20-загинати-во-големата-експлозија-во-Нагорно-Карабах.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Егзодусот на илјадници Ерменци од Нагорно Карабах продолжува и денеска, речиси една недела по брзата инвазија на Азербејџан на оваа кавкаска енклава претежно населена со Ерменци, а за денеска во Брисел е закажана средба на претставниците на двете страни.


Во понеделникот вечерта, сепаратистичките власти известија и за експлозија на складиште за гориво и побараа итна помош однадвор за справување со оваа катастрофа.

Според последните информации, во експлозијата загинале најмалку 20 лица. Повеќе од 200 се повредени.

„Бројот на повредени по експлозијата на складиштето гориво надминува 200. Повеќето се во сериозна или многу сериозна состојба“, изјави на социјалните мрежи офицерот за човекови права на самопрогласената република Гегам Степанјан.

Илјадници жители на Нагорно-Карабах веќе се засолниле во Ерменија, и покрај ветувањето на Азербејџан, кое во понеделникот го повтори неговиот претседател Илхам Алиев, дека правата на Ерменците кои остануваат во енклавата освоена од нејзината армија ќе бидат „загарантирани“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK