362 санкции за брзо возење

362-санкции-за-брзо-возење.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 362 возачи, извести МВР.


– Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 209 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 153 надвор од населено место, соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK