Доцна синоќа во струшката полиција било пријавено дека на регионалниот пат во селото Враништа, Струшко, автомобил со струшки регистарски ознаки, управуван од Б.К.(31) од Струга, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.