Дете тешко повредено во градинка во Скопје – родителите тврдат дека кога го зеле не престанало да плаче

Дете-тешко-повредено-во-градинка-во-Скопје-–-родителите-тврдат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дете било земено од градинка во Шуто Оризари со тешки повреди.


Родителите кои го пријавиле случајот во МВР, велат дека нивното дете било два часа во градинката оти било во период на адаптација.

Го однеле во 8 часот, а кога таткото во 10 часот се вратил по детето и го донел дома, мајката почнала да го пресоблекува и не престанувало да плаче.

Потоа со детето заминале кон ургентентниот центар, каде лекарот му констатирал повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK