Мојсоска: Влез во европска заедница заглавена во својата декаденција – ФАЛА, НЕ!

mojsoska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската комисија за расизам ,,со загриженост забележува дека во март 2023 година, Централниот регистар на Македонија го одби барањето на Бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид да го задржи своето име и дека по одлука на министерот за правда и негативно мислење на Комисијата за употреба на имињата, го избриша од регистарот Бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола.”
Дали оваа европска Комисија изрази загриженост за:

– едногласно усвоената декларација во бугарското собрание за негација на македонскиот јазик?
– отворените територијални претензии кон Македонија со официјален спот во Охрид од страна на фашистчето и европратеник Џамбазов?
– за анти-македонските транспаренти од пратеници во бугарското Собрание со порака “две држави-еден народ”
– за искршениот македонски клуб Никола Вапцаров?
– за Македонците во бугарските затвори апсени поради својата македонска свест?
– за забраната за формирање македонски здруженија и партии во Бугарија (секако не по имиња на фашистички дејци).


Европската унија која е длабоко навлезена во рехабилитација на фашизмот и нацизмот, очигледно дека е АКТИВЕН поддржувач на врховистичка Софија. Очигледно ЕУ не може да им го прости “гревот” на балканските народи што биле на антифашистичката страна на историјата.
Влез во европска заедница заглавена во својата декаденција – ФАЛА, НЕ!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK