Шји Џинпинг се сретна со Асад: Односите меѓу Кина и Сирија го издржаа тестот на промените во меѓународната ситуација

Шји-Џинпинг-се-сретна-со-Асад-Односите-меѓу-Кина-и.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кинескиот претседател Шји Џинпинг денеска се сретна со сирискиот претседател, Башар ал Асад во Хангжу, главниот град на источната кинеска провинција Жеџијанг, јавува новинската агенција „Ксинхуа“.


Сирискиот претседател е во Хангжу за да присуствува на церемонијата на отворање на 19. Азиски игри закажани за сабота.

„Денеска заеднички ќе го објавиме воспоставувањето на кинеско-сириското стратешко партнерство“ најави Шји и додаде дека тоа ќе биде пресвртница за билатералните односи.

Тој рече дека кинеско-сириските односи го издржале тестот на промените во меѓународната ситуација и дека нивното пријателство е зајакнато.

Сирискиот претседател Башар ал Асад вчера пристигна во Кина во прва посета на земјата од почетокот на 12-годишниот конфликт во Сирија.

Минатата година Сирија се приклучи на кинеската иницијатива „Појас и пат“, во која Пекинг го проширува своето влијание во регионите во развој преку инфраструктурни проекти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK