Бислимоски: Ако не се постави цевководот на мостот Беласица, ќе имаме ценовно цунами со парното греење во Скопје

Бислимоски-Ако-не-се-постави-цевководот-на-мостот-Беласица-ќе.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопјани ќе плаќаат повисока цена за парно греење, ако не се стави цевковод на опожарениот мост „Беласица“.


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, објасни дека преку цевководот се транспортира енергијата од ТЕ-ТО по многу пониска цена од топланите Исток и Запад.

Беслимовски е дециден: доколку не добијат цврсто уверување дека ќе се врати цевководот на мостот „Беласица“, ќе имаме проблем со произведената количина на топлинска енергија од ТЕ-ТО која што е трипати пониска отколку цената на топланите.

Вкупниот трошок во крајната цена кој го плаќаат граѓаните од Скопје е 52 проценти од топланите, а трошокот за ТЕ-ТО е 36 отсто. Беслимовски вели дека 60 отсто од топлинската енергија за Скопје се обезбедува од ТЕ-ТО, а 40 проценти од топланите во Скопје.

„Ако не се постави овој цевковод, тогаш би ни се случило ценовно цунами. Од тие прочини, додека не добиеме цврсто уверување дека ќе се постави цевководот, нема да донесеме одлука за цената. Доста беше поради нечии препирки тоа да оди на грбот на граѓаните“, рече Бислимовски.

Тој уверува дека нема да дозволат да дојде до ценовни шокови. Рече дека 30 проценти од сметката за топлинска енергија е субвенционирана, а новата цена ќе зависи и од тоа дали повторно ќе има владина помош.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK