Нагло поевтинија становите и куќите во Германија

Нагло-поевтинија-становите-и-куќите-во-Германија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Цените на станбените недвижнини во Германија нагло паднаа во вториот квартал, покажаа податоците на заводот за статистика, како одраз на влијанието на високите каматни стапки врз побарувачката.


Цените на недвижнините паднаа во периодот од април до јуни за 9,9 отсто во споредба со истиот период минатата година, што е најмногу откако почнаа да се собираат податоци во 2000 година.

На тримесечно ниво се намалени за 1,5 отсто. Во градовите како Берлин, Хамбург и Минхен становите биле поевтини за 9,8 отсто од вториот квартал од минатата година, а семејните куќи за 12,6 отсто. Поблаг пад на цените е забележан во ретко населените рурални средини, па становите поевтинија за 7,0 отсто, а семејните куќи за 8,1 отсто.

Цените на станбените недвижности во Германија паѓаат од крајот на минатата година.

Падот на цените го одразува слабеењето на побарувачката под притисок на високите каматни стапки, што го натера водечкиот германски инвеститор за недвижнини Vonovia да ги одложи плановите за изградба на 60.000 станови.

Компанијата ги истакнува и високите трошоци за изградба, кои, според портпаролката, се зголемени од околу три илјади евра за метар квадратен на околу пет илјади евра за метар квадратен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK