ЦУК: Изгаснати 23 пожари, тимовите на ЕВН интервенирале во 12 општини

ЦУК-Изгаснати-23-пожари-тимовите-на-ЕВН-интервенирале-во-12.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Центарот за управување со кризи информира дека вчера противпожарните тимови имале многу работа – изгаснале 23 пожари, a тимовите на ЕВН – интервенирале во 12 општини каде што заради локално невреме проследено со силен ветер имало повеќе дефекти и прекини на доводот на електрична енергија.



Пожари на отворено, вчера имаше вкупно 23 и противпожарните тимови сите ги изгаснале, според информациите од Секторот за операции и координација во ЦУК.

Изгаснатите 23 пожари, при што горела, мешана и нискостеблеста шума, сува трева, а на места и отпадоци) настанале во сите делови на државата во општините: Долнени, Новаци, Илинден, Студеничани, Сарај, Могила, Прилеп, Струга, Кичево, Штип, Куманово Боговиње, Општина Гостивар и на територијата на Град Скопје.

Инаку, како спротивност на пожарите вчера биле локалните врнежите во делови на државата, проследени и со посилен ветер, па имало на многу места, како на пример, во Штипско, Кривопаланечко, Кратовско и други места во Североисточниот дел на државата имало паднати дрвја и прекини на електричната енергија. Практично, во комбинација со пожарите и силните локални поројни дождови со посилен ветер придонесоа на многу места вчера да има прекин на доводот на електрична енергија, а некаде и утрово немаше, па екипите на ЕВН имаа полни раце работа и се уше се на терен согласно пријавите за дефекти. Такви итни случаи имало во градот кратово и во повеќе села и населени места во вкупно 12 општини. Екипите на ЕВН се терен за да бидат отстранети дефектите, согласно можностите и условите, известува ЦУК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK