Научници на симпозиум ќе дебатираат за влијанието на Тејлор Свифт

Научници-на-симпозиум-ќе-дебатираат-за-влијанието-на-Тејлор-Свифт.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Австралија се подготвува да одржи меѓународна академска конференција за влијанието на Тејлор Свифт, објави Би-би-си.


Настанот „Свифтпозиум“ ќе го истражи влијанието на мегаѕвездата врз сè, од музичката индустрија до поп-културата и економијата. Организаторите на тридневниот настан се надеваат дека ќе привлечат научници од целиот азиско-пацифички регион.

Австралискиот универзитет во Мелбурн ќе биде домаќин на Swiftposium 2024 во февруари, истата недела кога Свифт ја носи својата рекордна турнеја „Ерас“ во Австралија.

Свифт (33), која стана ѕвезда како тинејџерка, беше во центарот на главните културни моменти и дебати во текот на целата своја кариера. Таа стана еден од најплатените и најнаградуваните уметници на сите времиња, предизвикувајќи дебати за сè – хонорари за стриминг, авторски музички права, па дури и за мизогинија и култура на бојкот.

Влијанието на нејзината турнеја „Ерас“ е такво што ги сруши веб-страниците за издавање билети… експертите го измислија новиот тренд Swiftonomics („Свифтономија“), а земји како Викторија, Австралија побрзаа да го реформираат законот за препродажба на билети.

„Таа е вистински феномен“, изјави за Би-би-си организаторката на симпозиумот, Џенифер Бекет од Универзитетот во Мелбурн.

Иако идејата за настанот започна со полусериозен твит претходно оваа година, таа брзо доби поддршка од седум универзитети низ Австралија и Нов Зеланд.

„Тејлор Свифт навистина има многу конкретно влијание на глобално ниво, во работите што нè засегаат сите нас“, рече д-р Бекет, посочувајќи на работи како улогата на жените во индустријата, законот за забава, па дури и БДП.

„Светските лидери бараат од неа да ја донесе Ерас-турнејата во нивната земја поради економските придобивки што ги носи,“ додаде таа.

Иако Свифт беше предмет на универзитетски курсеви во САД, ова е првпат да се одржи глобален симпозиум на кој се дискутира за нејзиното влијание.

Организаторите се надеваат дека конференцијата ќе истражи теми како што се феноменот на нејзините фанови, нејзиниот маркетинг и влијанието на пејачката-текстописец врз дебатите за полот, идентитетот и расата.

Добредојдена е и критичката анализа на нејзиниот бренд и влијанието, велат тие.

Организаторите зачуваа празен простор за самата суперѕвезда, доколку сака да дојде и да учествува во дебатите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK