„Ако имаш место во срцето, имаш и во домот“ – кампања на ЈП „Лајка“ за посвојување на бездомни кучиња

„Ако-имаш-место-во-срцето-имаш-и-во-домот-–.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавното претпријатие „Лајка“, го објави почетокот на својата најнова општествено-одговорна иницијатива во соработка со креативната агенција Њу Момент, со цел промоција на посвојувањето на кучињата скитници.


Кампањата симболично започнува утре, на 23-ти септември, Интернационалниот ден на вдомените кучиња.

Кампањата е под мотото „Ако имаш место во срцето, имаш и во домот“. Дизајнирана да ја зголеми стапката на посвоени кучиња, но и да ја подигне свеста на јавноста за работата на „Лајка“, градското јавно претпријатие за третман на улични кучиња.

Главната цел на кампањата е вдомување на што поголем број на бездомни кучиња и реален придонес кон решавање на овој проблем, со конкретни резултати на крајот од кампањата.

Согласно бројките од претпријатието, во просек месечно се вдомуваат 40 кучиња, минатата година се вдомени над 400 улични кучиња, а за оваа година се очекува бројката да биде уште поголема.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK