Познатата англиска фудбалерка Меди Кјузак почина на 27. годишна возраст, потврди нејзиниот клуб Шефилд Јунајтед.
Инаку, Кјузак во текот на минатата сезона ја надмина бројката од 100 натпревари во дресот на Шефилд Јунајтед, беше и заменик капитен, неодамна потпиша нов договор, а се уште нема информации за причината за смртта.
„Фудбалскиот клуб Шефилд Јунајтед е скршен што ја објави тажната вест за смртта на Меди Кјузак. Клубот и семејството на Меди ќе го ценат периодот на приватност и нема да коментираат повеќе во овој тажен момент“, се вели во соопштението на англискиот клуб.
Меди почна да игра фудбал во Шефилд, каде работеше и како извршен директор во маркетинг тимот.