Мортон: Хари и Меган се одделија од кралското семејство поради оваа фотографија

Мортон-Хари-и-Меган-се-одделија-од-кралското-семејство-поради.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Принцот Хари и Меган Маркл решија да се повлечат од своите кралски должности и да се преселат во САД откако Бакингемската палата објави фотографија од наследникот.


„Њујорк пост“ пишува дека според авторот Ендрју Мортон, војводата и војвотката од Сасекс биле изненадени кога во 2020 година осамна фотографија од покојната кралица Елизабета Втора и нејзините наследници, сегашниот крал Чарлс, принцот Вилијам и принцот Џорџ.

Фотографијата е направена во салата на Бакингемската палата. Два дена по објавувањето на фотографијата, Хари и Меган соопштија дека официјално ја напуштаат палатата.

„Двојката се сомневаше дека целата институција заговара против нив. Како што видоа, доказите беа насекаде околу нив. Неизречениот кодекс беше јасен: иднината на монархијата е обезбедена, со или без Меган и Хари“, тврди Мортон во својата биографија „Меган: Холивудска принцеза“ (Meghan: A Hollywood Princess).

„По неколку месеци размислување и внатрешни дискусии, решивме да направиме транзиција оваа година и да започнеме со обликување на прогресивна нова улога во оваа институција. Имаме намера да се повлечеме како високи членови на кралското семејство и да работиме на тоа да станеме финансиски независни, додека продолжуваме целосно да ја поддржуваме нејзиното височество кралицата.“

„Со вашето охрабрување, особено во изминатите неколку години, се чувствуваме подготвени да го направиме ова прилагодување,“ се наведува во нивната изјава објавена на 8 јануари 2020 година.

Двојката сега живее во Монтесито, Калифорнија со синот Арчи (4) и ќерката Лилибет (2) .

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK