Отворена закана на Стојанов до Македонците во Пустец:„Ќе ви ги одземеме пасошите ако не се пишете Бугари“

Отворена-закана-на-Стојанов-до-Македонците-во-Пустец„Ќе-ви-ги.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на бугарската фондација Македонија Виктор Стојанов упати закана до Македонците од Пустец, предупредувајќи ги дека ако не се попишат како Бугари на пописот кој е во тек во Албанија, ќе им бидат одземени бугарските пасоши.


„До сите жители на општина Пустец, Албанија:„Доколку сега на пописот не се пријавите како етнички Бугари, во најкус можен рок ќе ви бидат одземени бугарските државјанства, а доколку сте во постапка – веднаш ќе ви бидат прекинати процедурите. Веќе имаме еден таков случај. Размислете“ им порача Стојанов на Македонците од Пустец.

Претходно, како засилена бугарска пропаганда врз Македонците во Албанија, тамошните македонски здруженија ја оценија посетата на бугарската потпретседателка Јотова.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK