Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол

Пендаровски-во-Њујорк-оствари-средба-со-претседателот-на-Република-Кореја.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски вчера во Њујорк оствари билатерална средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол.


На средбата, која е прва на ниво на претседатели на држави, беше изразен интерес и подготвеност за истражување на правците за продлабочување на билатералната соработка и зближување на двете земји, по воспоставувањето на дипломатските односи во 2019 година.

Двајцата претседатели потенцираа дека постојат можности за развој на политичкиот дијалог на сите нивоа, интензивирање на економската соработка, како и соработката во мултилатералните организации.

Пендаровски изрази интерес за зголемување и унапредување на економската соработка, при што посочи дека размената на деловни делегации која станува се поинтензивна овозможува да се искористи потенцијалот за продлабочување на оваа соработка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK