Зеленски по средбата со Бајден: Токму тоа им треба сега на нашите војници

Зеленски-по-средбата-со-Бајден-Токму-тоа-им-треба-сега.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Американскиот претседател Џо Бајден му рече синоќа на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека САД ќе ја задржат силната поддршка за Украина во нејзината одбрана од Русија и покрај противењето на некои републикански претставници.

Средбата меѓу Бајден и Зеленски се одржа во источната соба на Белата куќа, по што Бајден рече дека првите американски тенкови Абрамс ќе и бидат доставени на Украина следната недела. Тој, исто така, рече дека Вашингтон наскоро во Украина ќе испрати втора батерија за противвоздушна одбрана „Хоук“ од Рејтеон и дополнителната опрема.

Зеленски му се заблагодари на Бајден за новиот пакет воена помош од 325 милиони долари во оружје и противвоздушна одбрана, велејќи дека тоа е токму она што сега им треба на украинските војници.

Украинскиот претседател рече дека тој и Бајден се договориле за конкретни чекори за проширување на извозот на жито од Украина соочени со руската блокада и тензиите со соседна Полска.

Барањето на Бајден за дополнителни средства од 24 милиони долари за Украина за да помогне во плаќањето на украинската одбранбена и хуманитарна помош до крајот на годината е закочена во буџетската битка со републиканските тврдокорни во Претставничкиот дом.

Прашан како да се надмине противењето, Бајден рече дека единствениот начин е да добие одобрение од американскиот Конгрес.

„Сметам на доброто расудување на Конгресот на САД. Нема алтернатива“, рече тој.

Републиканскиот сенатор Ренд Пол, критичар на странската помош за Украина, изјави за „Фокс бизнис њуз“ дека Украина е „корумпиран режим“ и дека на војната не и се гледа крајот.

„Како што сме посветени да и помогнеме на Украина да се одбрани сега, исто така сме посветени да и помогнеме да се опорави и обнови во иднина, вклучително и поддршка на реформите кои ќе се борат против корупцијата“, рече Бајден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK