Полицијата поднесе кривична пријава против Б.А. од Косово, поради уцена.
Според информациите од МВР, пријавениот пред неколку месеци преку лажен кориснички профил на социјалната мрежа „Тик – ток“ стапил во контакт со жена од тетовско село, по што со уцена дека ќе изработи монтирани компромитирачки фотографии и дека ќе ги дистрибуира до нејзиниот сопруг, од неа барал 500 евра.
Мажот потоа ги објавил фотографиите на профилот, велат од полицијата.