Животни гладуваат во зоолошка во Кина, се повикуваат доброволци да донираат храна

Животни-гладуваат-во-зоолошка-во-Кина-се-повикуваат-доброволци-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фондот за загрозени животински видови на Кина повика доброволци да донираат храна за гладните животни во зоолошката градина во паркот Донгшан во северната кинеска провинција Лиаонинг. Со зоолошката градина раководи локалната власт, за која се вели дека останува без пари и затоа не може да ги покрие трошоците, пренесува Си-Ен-Ен.


„Во паркот се уште има мечки кои треба да се хранат, кобилата е пред породување и храната ѝ е преполовена, а вработените во зоолошката градина немаат земено плата шест месеци. Се надеваме дека надлежните ќе обрнат внимание на ова прашање“, напиша фондот во објавата на својата веб-страница.

Зоолошката градина – која има три елени Сика, шест црни мечки, 10 алпаки и стотици мајмуни и птици – не наплаќа влез и се потпира на владино финансирање, но нема добиено пари шест месеци.

Состојбата е симптом на финансиската криза со која се соочуваат многу од кинеските градски и провинциски влади, кои мораат да ги намалат трошоците додека се борат со долгот што се зголеми за време на пандемијата „Ковид-19“ и најлошиот пад на вредноста на имотот во Кина.

Локалните власти мораа да потрошат милијарди долари за масовно тестирање и заклучување за да ја спроведат кампањата на претседателот Џинпинг за нулта толеранција за ковид. Кризата на пазарот на недвижности – што резултираше со остар пад на продажбата на земјиштето – ги лиши од голем извор на приход.

Како резултат на тоа, некои се свртуваат кон вонредни мерки за да соберат пари, вклучително и казнување на ресторани за послужување нелиценцирани краставици и возачи на камиони за транспорт на товари со прекумерна тежина.

Ситуацијата во зоолошката градина беше решена дури кога градската управа испрати пари за плати и храна неколку дена откако апелот на интернет привлече големо внимание, објави Кинеското национално радио.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK