Две лица загинаа во украинскиот град Херсон во најголемиот руски напад од 15 август, пренесува АП.
Нападот на вкупно шест украински градови беше извршен на Меѓународниот ден на мирот, во кој загинаа најмалку две лица, а 21 лице беа ранети.
Нападот се совпадна и со одржувањето на Генералното собрание на ОН во Њујорк, каде што украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа говор и ја претстави својата „формула за мир“.