Владата ги казнува бизнисите со солидарниот данок и ги замрзнува намалените цени, реагираат од Стопанската комора на северозападна Македонија

Владата-ги-казнува-бизнисите-со-солидарниот-данок-и-ги-замрзнува.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како институција чија основна цел е заштита на интересите на бизнисите од првото предупредување на институциите и Владата кон крајот на 2022 година и до денес, постојано лобираше и работи против предложениот Закон за данокот за солидарност, нагласувајќи дека овој закон е непринципиелен, не се заснова на никаква релевантна анализа и апелира до сите надлежни институции да рефлектираат и да најдат алтернативни начини за ублажување на последиците од кризата, истакнуваат од Стопанската комора на северозападна Македонија


Додаваат дека, и покрај сите реакции на СКСЗМ, Собранието го изгласа законот по брза постапка, со што уште еднаш се докажува дека правната сигурност на компаниите во Република Северна Македонија никогаш не е загарантирана и дека успешните компании кои работат прописно, придонесуваат во економскиот развој на земјата и кои се воедно најголемите даночни обврзници ќе бидат казнети за нивниот успех и поради лошото управување со кризата од страна на институциите.

Со овој закон , како што оценуваат, кој се применува ретроактивно, домашните компании не само што ќе бидат казнети со големи суми и нема да можат да ги реализираат планираните инвестиции, туку истите ќе бидат дестимулирани да работат кон раст и развој на нивните компании во следните години, што може дополнително да ја поттикне неформалната економија.

Тоа, според нивните проценки, ќе претставува и голем товар за компаниите бидејќи средствата што ги стекнале порано, компаниите веќе ги имаат инвестирано, што значи дека овој закон ќе ги стави во лоша положба во следните години, компаниите опфатени со законот.

Апелираат до претседателот на државата да го земе предвид барањето на СКСЗМ испратено претходно, да не го потпише указот за прогласување на Законот за данокот за солидарност.

„Друга Владина одлука, која исто така е многу штетна за компаниите на РСМ е Одлуката за намалување на цените на прехранбените производи за најмалку 10% и замрзнување на намалените цени, слично на што се презема неколку пати во рок од 2 години. Слободната пазарна економија е доведена во прашање со многубројните интервенции на Владата, со што се стимулира сивата економија, а во меѓувреме целите на нашата земја се нејзино елиминирање, но и промовирање на слободната конкуренција.

При донесување на вакви одлуки потребно е привремено да се укинат даноците или царинските стапки за да се избегне недостатокот на тие производи на пазарот, но и да се заштитат домашните производители. При намалувањето на цените на овие производи, квалитетот на производите е загрозен, со што домашните производители ќе мора да работат со загуба“, оценуваат од комората.

Стопанската комора на северозападна Македонија апелира до сите институции во земјата, спроведувањето на ваквите одлуки и закони да не се прави без релевантна и детална анализа на пазарот, бидејќи последиците од истите ќе бидат многу големи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK