Австралиецот Оскар Пјастри се согласи да ја продолжи соработката со Мекларен. Тој ќе биде член на тимот кој се натпреварува во Формула 1 шампионатот до крајот на 2026 година.
Пијастри првично договори соработка со Мекларен до крајот на оваа година. Зад него е одлична сезона, што ги натера челниците да му понудат три годишен договор.
Двајцата возачи на Мекларен, Ландо Норис и Пјастри, ќе возат во тандем барем до крајот на 2025 година.
„Задоволен сум што ќе продолжам да работам со Мекларен. Сакам да се борам за челната позиција во овој болид и возбуден сум од визијата и темелите кои се поставени за да се обезбеди напредок во иднина“, изјави Пјастри.
Пијастри е 11. во шампионатот со 42 бода, додека Мекларен е петти во конструкторскиот поредок со 139.
Следниот тркачки викенд започнува во петок во Сузука, Јапонија.