Приведено лице од Сарај, осудено на двегодишна затворска казна


Приведено-лице-од-Сарај-осудено-на-двегодишна-затворска-казна.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 16.00 часот во с.Љубин, општина Сарај, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.И.(36) од Скопје.


Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK