Краделе во туристички капацитети и викенд куќи во Дојран, уапсени двајца мажи, расчистени седум кражби


Краделе-во-туристички-капацитети-и-викенд-куќи-во-Дојран-уапсени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 06.30 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода Р.Б.(27) од село Николиќ, општина Дојран и С.С.(31) од Нов Дојран.


При претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од тешки кражби и кражби, извршени во туристички капацитети и викенд куќи на подрачјето на Нов и Стар Дојран.

Лицата биле задржани во Полициската станица Гевгелија и за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Против Р.Б. е поднесена кривична пријава поради сомнение дека сторил седум кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“, од кои пет биле извршени во 2023 година, а останатите во 2021 и 2022 година.

Лицето било изведено пред Судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK