Чоколадното млеко често се поврзува со носталгија по детството и училишните денови. Но, овој млечен пијалак не е наменет само за деца. Во последниве години, чоколадното млеко доби репутација на соодветен пијалак и за возрасни, благодарение на уникатната комбинација на здравствени придобивки и вкус. Зошто овој кремаст, чоколаден напиток се препорачува и за возрасни?
- Изобилува со хранливи материи
Чоколадното млеко се прави со мешање на какао во прав и чоколадо со млеко, што ја потврдува хранливоста на производот. Млекото е одличен извор на есенцијални хранливи материи како што се калциум, витамин Д и протеини. Овие хранливи материи се неопходни за одржување на силни коски, здрава кожа и целокупната благосостојба. Возрасните лица вообичаено се борат да ги задоволат дневните потреби за калциум и витамин Д, а чоколадното млеко може да помогне да се премости овој нутритивен јаз.
- Регенерирање на мускулите
Една од придобивките на чоколадното млеко е неговиот потенцијал да помогне во обновувањето на мускулите после вежбање. Комбинацијата на јаглехидрати и протеини се правилен избор за закрепнување по напорен тренинг. Јаглехидратите помагаат да се надополнат резервите на гликоген, додека протеинот помага во оправување и раст на мускулите. Ова може да биде особено корисно за активните возрасни лица кои се занимаваат со редовна физичка активност.
- Хидратација
Правилната хидратација е од витално значење за сите возрасти, а чоколадното млеко може да придонесе во дневниот внес на течности. Чоко млекото е вкусна алтернатива и може да помогне да останете хидрирани во текот на денот. Дневната хидратација е од суштинско значење за одржување на когнитивните функции, регулирање на телесната температура и поддршка на различни телесни функции.
- Извор на антиоксиданти
Какаото, основната состојка одговорна за вкусот на чоколадното млеко, содржи антиоксиданси познати како флавоноиди. Овие антиоксиданси можат да помогнат во борбата против оксидативниот стрес во телото, намалувајќи го ризикот од хронични болести.
- Го подобрува расположение
Споредено со сок, вода или други пијалаци, чоколадното млеко поради својот состав на млеко и чоколадо дефинитивно важи за најдобро решение кога сакате да го подобрите своето расположение или поттикнете среќа кај други лица.
Чоколадното млеко е сладок и вкусен пијалак што нуди бројни здравствени придобивки за сите возрасти. А затоа што е вкусно и корисно еве еден совршен рецепт што ќе ве снабди со неопходните хранливи материи и ќе ви даде доволно енергија за дневните предизвици.
Енергетски и нутритивен милкшејк
- 250 мл Чоколадно млеко Моја Кравица
- две лажици овесни снегулки
- 1 банана
- една лажица сува брусница
- по желба може и друго овошје
Клучен дел од овој оброк е чоколадното млеко на Моја Кравица, затоа што поради својот состав, со генерации е идеален избор за сите возрасти што сакааат да уживаат во млечен, чоколаден вкус!