Американските затвореници ослободени од Иран слетаа во САД по договорот за размена

Американските-затвореници-ослободени-од-Иран-слетаа-во-САД-по-договорот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Авионот со пет Американци ослободени од Иран слета денеска во Соединетите Американски држави, еден ден откако се организираше размена за нивно ослободување, пренесува Ројтерс.


Веста дека авионот слетал првично ја објави Си-Ен-Ен, но во извештајот не се наведени дополнителни детали.

Размената е резултат на повеќемесечни преговори со посредство на Катар. Откако иранските средства блокирани во Јужна Кореја беа одмрзнати, тие беа префрлени во банките во Доха. Откако беше потврден трансферот, петте американски затвореници и двајца нивни роднини полетаа со катарски авион од Техеран во исто време кога двајца од петте ирански затвореници слетаа во Доха.

Тројца Иранци решија да не одат во Иран.

Според Ројтерс, овој договор отстранува една точка на несогласување меѓу САД, кои го сметаат Техеран за „спонзор на тероризмот“, и Иран, кој Вашингтон го нарекува „Големиот сатана“.

Американскиот претседател Џо Бајден го поздрави враќањето на затворениците, но неговата администрација најави и нови санкции.

„Ќе продолжиме да му наметнуваме трошоци на Иран за нивните провокативни дејства во регионот“, рече тој.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој беше во Њујорк на годишното Генерално собрание на ОН, замената ја нарече хуманитарна акција.

„Тоа секако може да биде чекор врз основа на кој во иднина може да се преземат други хуманитарни акции“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK