Книгата раскази „Сезона на глуварките“ од Блаже Миневски излезе на хрватски јазик во издание на „Тим пресс“ од Загреб.
Преводот од македонски на хрватски е на Томислав Ровичанец, кој го има напишано и поговорот за ова издание.
Расказите се преведени со поддршка на Европската преведувачка мрежа „ Традуки“.
Како што стои во најавата на хрватскиот издавач, станува збор за антологиска проза на универзален автор, не затоа што истовремено пишува романи, раскази, драми и есеи, не затоа што неговата проза спојува историски, психолошки и политички состојби, туку затоа што е повеќеслојна и со мноштво пораки.