Русија се огласи во врска со војната во Нагорно-Карабах: повикува да се прекине со непријателствата

Русија-се-огласи-во-врска-со-војната-во-Нагорно-Карабах-повикува.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија ги повикува Ерменија и Азербејџан да престанат со непријателствата и да се вратат на дипломатско решение, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.


Таа изјави дека Русија е многу вознемирена од острата ескалација на ситуацијата и дека Москва е целосно посветена на руско-ерменскиот сојуз.

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ја информирало командата на руските мировни сили и раководството на Заедничкиот турско-руски мониторинг центар за „антитерористичките мерки од локален карактер“ што се спроведуваат во Карабах.

„За тековните активности се информирани командата на мировниот контингент на Руската Федерација и раководството на Заедничкиот турско-руски мониторинг центар“, се вели во соопштението.

Се наведува дека како дел од антитерористичките активности, единиците на ерменските вооружени сили, нивните борбени возила и воени објекти биле онеспособени со употреба на високопрецизно оружје, пренесе Ројтерс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK