Кина ја прозва Германија откако нејзината министерка за надворешни работи го нарече претседателот Кси Џинпинг – диктатор, и го повика амбасадорот на разговори.
Како диктатор, Аналена Баербок го опиша кинескиот претседател за време на интервјуто за „Фокс њуз“ минатата недела.
Коментирајќи ја војната во Украина, Баербок изјави: „Ако Путин победи во оваа војна, која би била пораката за другите диктатори во светот, како Кси, како кинескиот претседател?“
Кинеската влада во неделата ја повика германската амбасадорка во Кина, Патриша Флор, во знак на протест поради коментарите на Баербок, изјави вчера портпаролот на германското Министерство за надворешни работи за Си-Ен-Ен.
Кинеското Министерство за надворешни работи објави дека Пекинг е крајно незадоволен од коментарите на Баербок и остро се спротивставува.
„Забелешките на Германија се крајно апсурдни, тие сериозно го загрозуваат политичкото достоинство на Кина и се отворена политичка провокација“, изјави на вчерашната прес-конференција портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.