После вчерашното интервју на Али Ахмети каде се мачеше да покаже дека знае македонски јазик, сакаме да го соопштиме следното:
Mожеби е време за следната теза – ДУИ го пушта СДСМ низ вода и почнува кампања за да им се допадне на Левица и ВМРО-ДПМНЕ, велат од трите албански партии.
„Дали заштитата на нелегално стекнатиот имот на првенците на ДУИ им е помил од почетокот на ЕУ преговорите? Што е следно, екипата околу Ахмети да станат комити? Наградното прашање е дали Ахмети ќе зборуваше Македонски ако не се здружуваше Албанската опозиција?“, прашуваат.
Додаваат дека оваа политичка перверзија на ДУИ ќе биде казнета од Албанците.
„Не одлучува ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ, туку Албанците одлучуваат кој ќе го претставува нивниот глас после следните избори“, се прецизира во соопштението.