Ердоган: Чекаме 50 години на прагот на ЕУ, во овој момент на Русија и верувам не помалку отколку на Западот

Ердоган-Чекаме-50-години-на-прагот-на-ЕУ-во-овој.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смета дека украинската криза ќе трае долго, нагласувајќи дека соработува со Русија и дека и верува „не помалку од Западот“, пренесуваат медиумите во регионот.


„Немам причина да не и верувам на Русија. Колку што е сигурен Запад, толку е и Русија. Во последните 50 години стоевме на прагот на Европската унија и во овој момент и верувам на Русија не помалку отколку Западот“, рече Ердоган во интервју за Пи-Би-Ес.

„Половина од увозот на природен гас доаѓа од Русија, што значи наша солидарност. Одиме напред со заеднички чекори, соработуваме и во одбранбената индустрија. Сето тоа можеме да го направиме заедно со Русија“, додаде претседателот.

Според него, Анкара и земјите-членки на ЕУ имаат различни ставови за Руската Федерација.

„Русија е еден од моите најблиски соседи. Имаме и заедничка историја“, рече Ердоган.

Тој смета дека конфликтот во Украина „ќе трае долго“. Сепак, Турција се надева дека тоа ќе заврши што е можно поскоро, рече претседателот.

Ердоган истакна дека Москва „навистина сака да стави крај на конфликтот што е можно поскоро“, пренесе „Спутник“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK